Приведени двајца тетовци за издржување затворска казна
Две лица од Тетово, осудени за издржување на затворски казни, се приведени во текот на вчерашниот ден од полицијата по добиени судски наредби, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Двајцата тетовци биле осудени за две различни кривични дела и уште вчера се предадени за издржување на затворските казни во КПУ „Скопје“.
Според податоците од Јосифовски вчера попладне околу 16 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ј. (35) кој се барал за издржување казна затвор од година и пол за кривично дело „насилство“. Еден час подoцна од слобода бил лишен и Е.И.(36), осуден на едногодишна затворска казна за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ново на Сител
-
Курти утре во Скопје на средба со Мицкоски
-
Мицкоски: Нема да дозволиме дестабилизација на државата
-
Продолжува битката со огнените стихии - Активни се пет пожари
-
Со два хеликоптери се гасат пожарите во охридските села
-
ВМРО-ДПМНЕ бара јавните обвинители да отворат истрага за пругата кон Бугарија
-
Онкологија бара околу 40 вработувања на неопходен кадар
-
Плажите преплавени со капачи а голем дел небезбедни
-
Дигитализација на македонското земјоделско производство