Македонија
4. December 2024 - 14:13

Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари

Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода Н.И., на возраст од 47 години од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, дека се обидела со туѓа лична карта да подигне парични средства, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Таа била приведена во полициска станица, а личната карта ѝ била одземена. По документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.