Македонија
12. јуни 2020 - 17:48

Приведен маж од Сингелиќ кај кого биле пронајдени автоматска пушка и пиштол

Денеска (12.06.2020) околу 13 часот на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон с.Арачиново Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лиши од слобода Д.Ф. (30) од с.Синѓелиќ, кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, а бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа, а со кого седеле во угостителски објект.

Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми. 

По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.