Македонија
1. April 2016 - 16:12

Приватните монтирани прислушувани разговори се причина од ДУИ да дадат оставка од влада

Министрите на ДУИ си поднесоа оставки во Владата поради незаконските снимки. Одлуката која вчера ја донесе највисокиот орган на ДУИ, денеска од Мала Речица ја дообјаснија преку писмено соопштение.

-ДУИ ги оценува овие објавувања како целосно невистинити, монтирани и затоа ги повикува граѓаните да не станат жртви на криминалци и традиционално антиалбански центри кои уценуваат луѓе на јавниот живот, бизнисмени, политичари и други со создадени монтажи од разни Фабрики на Афери и кои преку овие бескрупулозни злосторства се обидуваат да го уништат процесот на демократизација од кој имаат корист сите граѓани.

ДУИ бара од локалните институции, особено Министерството за Внатрешни Работи и Јавното Обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните материјали, а во исто време, како последица на институционалната слабост и политичките манипулации, ДУИ веќе не превзема никаква одговорност за излагањето на ситуацијата од институционална контрола и можноста за индивидуално спроведување на судот и правдата.

ДУИ го повикува и Специјалниот Обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, која има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот.“ – стои во партиското соопштение.

Од таму велат дека договорот од Пржино е компромитиран бидјеќи снимките на Заев завршија во рацете на криминалци. Сепак од партијата додаваат дека остануваа до крај посветени на спроведување на реформите.

Какво влијание оваа одлука ќе има врз датумот на изборите, официјално од Мала Речица не коментираат. Високи функционери зад камерите велат дека избори на 5 јуни сепак ќе има и дека на нив, ДУИ ќе се појави пред граѓаните за повторно да ја побара довербата.

Од Владата за Сител и официјално потврдуваат дека ги примиле оставките

-Можам да потврдам дека во Владата се пристигнати сите оставки на министрите и замениците министри од редовите на ДУИ. Станува збор за оставките на министрите Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдулаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани како и замениците Ардиан Џеладини, Нементула Халими, Земир Ќамили и Илми Селами, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев

Оставките се очекува во текот на денот да стигнат во македонското Собрание кое се очекува да ги констатира на првата наредна седница, која најверојатно ќе се одржи во понедленик