Природни третмани против опаѓање и поттикнување раст на коса
На пазарот постојано се појавуваат производи за кои се тврди дека го спрфечуват опаѓањето на косата, и ако го имате овој проблем, многу често купувањето на овие производи само ќе го изпразни вашиот џеб, и нема да ви бидат од никаква корист. Прочитајте за овие домашни лекови кои навистина ќе ви помогнат да си ја зачувате косата на главата.
Третман на база на жолчка
Јајцето е идеално решение за делотворна природна маска за секаков вид на кожа и коса, збогатена со соодветни дополни состојки. Во зависност од вашите потреби, изберете некоја од долунаведените домашни маски и воочете го благотворното дејство на јајцето како состојка за убавина и нега.
Изматете една жолчка додека не добиете пенеста паста. Додајте лажичка рум и лажичка рицинусово масло. Кога убаво ќе ги соедините состојките, нанесете ја смесата на главата и масирајте. Потоа покријте ја главата со пешкир и оставете препаратот да делува барем 3 часа, но уште подобро е ако можете да преспиете така.
Потоа, измијте ја косата најпрво со жолчка, а потоа и со вода во која ќе исцедите лимонов сок. Третманот повторувајте го еднаш неделно сѐ додека вашата коса не се опорави.
Третман на база на коприва
Во 2 литри вода која врие додадете околу 15 супени лажички сува коприва. Садот тргнете го настрана и оставете го да стои околу 2 часа.
По одминувањето на 2-та часа, водата повторно ставете ја на шпорет да се грее, но внимавајте не дозволувајте да зоврие. Во периодот пред водата да започне да врие додадете 5 лажици сув цвет од камилица и тргнете го садот од оган. Оставете го повторно да стои околу 2 часа.
По истекот на овој период, смесата треба да се процеди и во течноста да се додаде 300 мл вински оцет.
Секоја втора вечер косата да се мачка и масира со овој лосион.
Маска на база на квасец
Како превентивна мерка за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно, 10-15 седмици по ред. Потоа се прави пауза од 3 месеци и постапката се повторува по потреба.
Во 1 супена лажичка топло млеко растворете 1 кафена лажичка мед или шеќер, а потоа додајте 20g свеж квасец. Течноста оставете ја на топло место за да нарасне, отприлика 15-20 минути.
Потоа додајте 1 жолчка од јајце и добро промешајте ги сите компоненти за да ја изедначите смесата.
Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса, а потоа замотајте ја во пешкир. Маската оставете ја да ви постои 50-60 минути и потоа измијте ја темелно со вода и шампон.
Составот на маската можете да го менувате со тоа што ќе додадете рицинусово или маслиново масло, јогурт, сок од алое вера, меѓутоа состојката квасец останува иста.
Маска за коса против првут и опаѓање на база на кромид
Состојки:
2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид
1 супена лажица мед
1 супена лажица мајонез
1 супена лажица маслиново масло.
Доколку сакате, наместо мајонез може да додадете рицинусово масло од кое побрзо расте косата и едно јајце, ако имате масна коса.
Подготовка:
Сите состојки мешајте ги додека не добиете компактна смеса која ќе ја втриете во кожата на главата. Ставете капа за туширање или обична кеса, а потоа замотајте околу неа и пешкир.
Ефикасната маска држете ја околу 1 час, а потоа исплакнете ја со топла вода. Препорачливо е маската да ја ставате двапати неделно, на немиена коса, за да добиете позитивни резултати.
Доколку се плашите дека ќе ви остане мирисот на кромидот во косата, не се грижете, бидејќи по вообичаеното миење на косата со шампон и балзам, мирисот ќе исчезне.
Маска со масло од репка и мед.
Оваа маска се подготвува многу лесно. Се меша добро 1 лажица мед и масло од репка со 1 жолчка. Може да се додаде и една лажица мелен црвен кромид, или 1/2 лажица сенф.
Маската се нанесува на влажна коса, при што е пожелно смесата да биде затоплена до 36-37 ° и да се нанесува со кружни масажни движења. Се мачка целата коса освен корените. Се става врз косата памучна густа крпа. Маската треба да стои 20 минути на косата, по што ја миете со шампон и чај од камилица. Направете ја, оваа маска барем два пати неделно во текот на еден месец, за да има успешен исход.
Маска со сенф
Потребни ви се : 200 мл. јогурт, 1 лажица сенф и 2 лажици маслиново масло;
Промешајте ги производите и добиената смеса нанесете ја на коренот на косата со помош на памучен тампон. Оставете ја маската да делува 30 минути на косата и потоа исплакнете со топла вода и шампон. Сенфот помага за забрзување на растот, а киселото млеко и маслото ја заздравуваат косата. Трите состојки во комбинација, се комбинираат многу добро и прават косата да ви биде раскошна. Направете ја оваа маска еднаш неделно во текот на 2-3 месеци.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката