Претепана домарката во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија
Во црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во центарот на Гевгелија, вчера попладне била претепана домарката во храмот, 64 годишната Загорка Божиновска.
Според старешината на храмот, свештеникот Љупче Миланов, немилиот настан се случил во попладневните часови, кога поради високите температури движењето на луѓето е речиси целосно намалено.
- Наша претпоставка е дека немилиот настан се случил помеѓу 13 и 16 часот кога жената останала сама да ја чисти црквата. Насилникот тогаш влегол во црквата, ја внел жената во олтарот и на најсветото место во црквата ја претепал, изјави денеска за МИА свештеникот Миланов и нагласи дека при тоа црквата не била ограбена.
Увид на лице место извршиле полициските органи кои трагаат по сторителот на ова дело, а претепаната жена со подливи и крварење во мозокот кои биле констатирани во гевгелиската болница, во бессознание,поради ссериозноста на повредите била префрлена на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи