Препораки за редукција и елиминација на органски загадувачи
Со ажурираниот Национален имплементациски план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи, за кој беше усвоена информација од Владата на синоќешната седница, се препорачуваат повеќе акции како наредни чекори за исполнување на обврските кон Стокхолмската конвенција и унапредување на животната средина во доменот на овие хемикалии.
Обврските се однесуваат на неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии, воспоставување контрола при увоз на стара опрема со ризик од хемикалии штетни за здравјето на луѓето и животната средина, формирање и функционирање на собирни центри, центри за третман и преработка на искористени возила, како и други мерки, информира прес-службата на Владата.
Информацијата за ажурираниот Национален имплементациски план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи во Република Македонија е усвоена на предлог Министерство за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата