Македонија
17. November 2025 - 19:42

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска која остана без три органи. Судијата Јованов поради континуирано одлагање на адвокатот Игор Петковски му изрече парична казна во износ од 1000 евра и побара судот да му определи нов бранител на Асани, еден од докторите против кого се води овој судски процес.

Вапоска денеска со поддршка на граѓани од родното Дебар рече дека не се откажува и најави доколку до крајот на месецот не се реши овој процес правдата ќе ја бара преку протести пред судовите во Струга, Дебар и Скопје.

Инаку денеска беа одложени и двете рочишта против Мерко за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за светлата во Црн Дрим и за овие дела бранителот на Мерко кој не присуствуваше заработи парична казна од 2000 евра.