Македонија
8. December 2025 - 12:17

Охрид го слави заштитникот на градот

Охрид го слави  заштитникот на градот Свети Климент Охридски .Со низа настани во знакот на Климент   деновиве беа  исполнети со култура, слово и уметност .Охрид почнувајќи од  3-ти декември , па се до денес со Свечена академија ќе го одбележи  8-ми Декември.- 

Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“ додека годинешни добитници на Повелбата се НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова историчар на уметност , музичкото дуо „Силви Бенд“, режисерот ,продуцент и музичар Даниел Јовески и групата The Backdoor Band .

Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, општината ја доделува за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во  земјава и  и светот.