Македонија
8. December 2025 - 16:29

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски

Македонија го чествува ликот и мисијата на големиот македонски учител, духовник и основоположник на Охридската книжевна школа, Климент Охридски - најистакниот ученик на светите браќа Кирил и Методиј и продолжувач на нивното дело.. Со свечени академии, божествени литургии, доделување на државни награди и положување на цвеќе пред неговите споменици, Македонија се поклонува пред делото на Климент Охридски. 

Нека пораката на Свети Климент, за смирение, милост, знаење и заедништво, биде наш водич и наша инспирација да ја направиме македонската држава пристојно, праведно и достоинствено место за живеење, порача претседателката на македонија Гордана Силјановска Давкова во нејзината честитка по повод државниот празник . Таа и во синоќешната академија во чест на Св Климент Охридски порача дека, споменот за охридскиот светител е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на цело словенство.

Претседателот на Влада честитајќи го празникот порача дека делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и пример дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот.

Овој ден не потсетува на важноста да го зачуваме и унапредуваме она што ни е оставено како највредно наследство јазикот и писменоста. 

Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот, порачува собранискиот спикер Гаши.

Честитка за празникот испрати и претседателот на СДСМ - Влогот и упорноста на Свети Климент Охридски да ја шири писменоста и во време на прогонства и осуди, се потсетник дека силата на еден народ лежи во неговата писменост, култура и образование.

Мисијата на нашиот учител и заштитник Св.Климент Охридски е должна за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност претставува обврска за сите, се вели во честитката на претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски.

Во Собранието по повод празникот беше доделена државната награда „Св. Климент Охридски“. За остварување во областа на воспитанието и образованието добитник е академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста ја добиваат Живоин Глишиќ, композитор и Беди Ибрахим, ликовен уметник.

Македонската правславна црква со празнични богослужби по храмовите му оддаде почит на својот патрон.

Пред споменикот на Св.Климент Охридски во Националната универзоитетска библиотека која го носи неговото име со положување свежо цвеќе од државно воениот врв  , беше оддадена почит кон неговото дело и мисија.