Македонија
8. December 2025 - 16:29

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња

Бугарија си има внатрешни проблеми а за Брисел, проширувањето на Европската Унија и натаму не е меѓу приоритетите. Ништо од најавите за интензивирање на разговорите меѓу Скопје и Софија во периодот околу новогодишните празници кои требаше да дадат нова динамика во евроинтегративниот процес.

Дека Македонија нема партнер за дијалог кај источниот сосед потврди и Министерот за надворешни работи во последното интервју за Сител.

Но и Европа не покажува некој посериозен интерес за нашиот проблем и фокусот го става на војната во Украина економијата и борбата со миграцијата. За експертите, евентуален мир во Украина би можел да биде нова шанса за напредок во процесот на интеграции.

И Министерот Муцунски но и премиерот Мицкоски и на Конгресот викендов уште еднаш повторија дека Македонија нема да направи никакви отстапки од своите позиции. Владата бара цврсти гаранции од Брисел дека Бугарија нема да поставува нови услови, нешто што Европската Унија во овој момент тврди дека не може да го обезбеди.