По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
После Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство, алармираат од невладината „ЕХО“. За малку повеќе од една година само во Штип се регистрирани 3 случаи на фемицид, а статистиката за насилство врз жени е уште позагрижувачка.
- Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип и околината, а има и од источниот дел, вкупно 109 случаи на насилство врз жени и деца, односно, девојчиња и ова е нависстина загрижувачки факт. Ова е бројка само од овој дел, инаку „ЕХО“ работи и во Пелагонискиот и Југоисточниот регион и ако ги собереме и тие бројки, доаѓаме до некоја бројка од 180 слуачи оваа година, а годината се уште не е завршена, изјави Бети Пеева, НВО „ЕХО“-Штип
Законската регулатива за заштита на жртвите на семејно насилство е солидна, постои и мултисекторска соработка, но понекогаш затајуваат институциите, односно, се доцни со процедурите, додаде Пеева.
- Не само инситуциите се виновни за тоа, значи и самите жртви кои пријавуваат, поради трендот на економска зависност кој се зголемува од година во година, се предомислуваат, се враќаат назад. Честопати пред да преземеме некоја постапка, тие се предомислуваат и не сакаат да одат понатаму, изјави Пеева
Веќе подолг временски период се предлага промена на член 130, став 2 од Кривичниот законик, насилникот да не се гони по предлог на жртвата, туку по службена должност.
- Се плаши од самиот сторител, дека доколку даде нејзина согласност за кривично гонење, во меѓувреме, додека да завршат процедурите и додека да се санкционира сторителот, може да се случат уште по грозоморни дела, изјави Пеева
Во 2025-та година се бележи висок број пријавени случаи на семејно и родово базирано насилство, но се уште не постои единствен и транспарентен систем што ги следи предметите до обвинение и пресуда.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
