Повремени врнежи од дожд, на планините снег
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 30 л/м2.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од два до девет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до пет степени.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите