Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот кај старата штипска депонија
Повредени се двајца вработени од Тертиторијалната противпожарна единица во Штип при вчерашното гаснење на пожарот кај старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, дополнуваат од Општина Штип. МИА претходно информираше дека командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.
Синоќа заедно со него во болницата е хоспитализиран уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, по падот командирот на ТППЕ-Штип Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака.
Во штипска Клиничка болница се хоспитализирани синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран. Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.
Ново на Сител
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче