Потпишување Меморандум за соработка за организација и спроведување на вежбата „ Македонија 2020“
Во 2020 година Република Македонија ќе биде домаќин на НАТО – Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) цивилна вежба за одговор при катастрофи, досега најголемата и најмасовната вежба што ќе се одржи во земјава.
Целта на вежбата е подобрување на интеоперабилноста и соработката на Република Македонија со НАТО-членките и другите членки на Партнерството за мир (ПзМ), со цел зајакнување на националните капацитети.
Центарот за управување со кризи е овластена институција од страна на Владата на РМ, во соработка со другите релевантни субјекти од Системот за управување со кризи и ЕАДРЦЦ да ја организира вежбата во согласност со националната легислатива.
Заради потврдување на соработката помеѓу Република Македонија и НАТО – EADRCC, денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка за организација и спроведување на вежбата „ Македонија 2020“. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи, ќе се доделуваат и сертификати за опрема во рамките на проектот НАТО СПС, а кои ќе бидат користени и за вежбата.
За таа цел, денеска во Скопје ќе пристигне заменик-помошник генералниот секретар за операции при НАТО, Џонатан Периш, кој ќе го потпише Меморандумот во име на НАТО, додека од страна на РС Македонија, ќе биде потпишан од директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари