Поставени нови тоалети и едукативни табли во Зоолошка градина во Скопје
Во Зоолошка градина во Скопје денеска беа поставени нови тоалети на две локации. Покрај стандардните тоалети, има и тоалет за хендикепирани лица и просторија за пресоблекување на бебиња.
Се поставуваат и нови едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.
Во Зоолошка градина Скопје се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници што ќе се случи оваа сабота, со почеток од 11:30. На настанот „За европска Зоолошка“ ќе настапат децата од „Златно славејче“ и детската атракција Пет+ бенд.
- Апелираме до сите посетители да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов, се вели во соопштението од Зоолошка градина Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче