Балкан
17. February 2019 - 15:45

Последните зборови на Шабан: Кревам чаша за сите овие години кои беа зад нас

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина денеска во тешка сообраќајна несреќа во Германија, а пред само три дена ѝ го честиташе 60. роденден на сопругата.

-Јас денеска кревам чаша за сите убави години кои се зад нас, и оние уште поубави кои ни претстојат! Среќен роденден, сакана моја Гордана - гласела честитката на пејачот пред три дена наменета на неговата сопруга Гордана, која ќерките Санела и Илда ја однеле на патување во Рим за роденденот.