Македонија
29. November 2016 - 23:38

Поповски до Пендаровски: СДСМ сака да воведе приватна правда

Се добива впечаток дека СДСМ настојува да воведе приватна правда и сами да одлучувате кој што направил, Македонија е во политичка криза поради желбите на еден човек. Носителот во првата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Поповски на прв телевизиски дуел со својот противкандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.

„Ние многу добро се сеќаваме во април 2014-та година имавме лидер на најголемата опозициска партија, Зоран Заев кој одеше секаде низ Македонија и велеше јас сум идниот премиер“. Се буди човекот на 27 април и вели сега нема услови, нема демократија и не ги признаваме изборите, влегуваме во длабока политичка криза.

Од истиот ден и со секои продлабочувања на оваа политичка криза ВМРО-ДПМНЕ вели во ред, да го дадеме мандатот граѓаните да одлучат на избори, ние не одиме на избори затоа што странците рекле така како што вика Пендаровски туку затоа што веќе СДСМ нема каде да бега затоа што сите желби, сите изговори кои ги имаа за одлагање на изборите ги елиминиравме.

Нема желба која СДСМ не ја стави на маса која не ја исполнивме се со цел да ги извадиме на избори,“ потенцираше Поповски.