Попоски на средба со жителите во Волково
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и министер за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со жителите од скопско Волково рече дека очекува избори на 11 декември за да се заврши кризата и да се вратат основните, најважни работи за граѓаните.
- Очекуваме избори на 11 декември и тие се многу значајни во овој момент од најмалку две причини. Првата е завршување на кризата и враќање на основните, најважни работи за граѓаните. Премногу штета се нанесе на Република Македонија во изминатиов период од правење на вештачка криза и овој момент изборите се можност да го затвориме ова поглавје, рече Попоски.
Втората најважна работа, како што посочи, е повторно посветување на она што е најзначајно за граѓаните а тоа се инвестициите и работните места.
Ново на Сител
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите