Поплави во австралиската држава Квинсленд, евакуиран градот Кернс
Поплави предизвикани од поројни дождови го погодија северниот дел на втората по големина австралиска држава Квинсленд, што предизвика евакуација на градот Кернс, каде што беше потопена пистата на локалниот аеродром, луѓето останаа заробени на покривот на локална болница, а во поплаватa во центарот на градот е виден крокодил, јавија светските медиуми.
Властите на оваа австралиска држава предупредија дека временските услови ќе ги предизвикаат најлошите поплави досега, јавува Би-Би-Си.
Овие екстремни временски непогоди предизвикани од тропски циклон донесоа во некои области на Квинсленд огромни количини на врнежи, количества кои во нормални околности паѓаат во една календарска година.
Засега не е пријавен смртен случај и нема извештаи за исчезнати лица.
Началникот на државната полиција на Квинсленд, Кетрин Керол, ги опиша поплавите како „апсолутно разорни“. Премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс, изјави за австралиската радиодифузна корпорација дека природната катастрофа е „најлошата на која може да се сети“. „Разговарав со луѓето од Кернс и тие ми кажаа дека никогаш не виделе нешто слично“, рече Мајлс.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ