Полициска акција во Скопје, кривични пријави за 11 лица, меѓу кои и Миле Јанакиески
Вкупно 11 кривични пријави се поднесени за злоупотреба на службена должност и несовесно работење, се првичните информации од МВР, по полициската акција утрово на неколку локации во Скопје во која се приведени повеќе лица.
Меѓу останатите за кои е поднесена кривична пријава е и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и негови соработници во Министерството, двајца нотари, и против едно лице од Агенција за катастар.
Како што соопшти МВР, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со полицијата презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.
-По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје, појаснуваат од МВР.