Полицијата го олеснува визниот режим за турските студенти
Полицијата и штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ со заедничка стратегија за полесна легализација на престојот за турските студенти. Дел од нив се соочуваат со административни тешкотии и недоволна информираност, поради што не можат да го регулираат својот престој.
-Од оваа година веќе нема долги чекања како претходните години. Лани имаше, но годинава благодарение на полицијата, веќе се преземат конкретни чекори и сега секој ден веќе ги примаат документите и ги решаваат во најкус рок, изјави проф. д-р Махмут Челик.
Само минатата година, поради тоа што не успеале да ги средат документите за престој, од Македонија, во Турција, се депортирани околу четириесеттина студенти.
-Некој се откажаа од студирање поради тоа што не добиле престој и биле депортирани. Се надевам дека тие студенти повторно ќе се вратат и ќе студираат кај нас, бидејќи знаете дека треба да останат три месеци надвор од Република Македонија„ додаде Челик.
Во моментот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ има околу 500студенти од Турција, а најголем дел од нив студираат на Факултетот за медицински науки.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
