Поднесени околу 400 амандмани за одлуката за продолжување на кризната состојба во дел од државата
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја одложи расправата по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија поради поднесени околу 400 амандмани, изјави за МИА претседателот на комисијата Миле Талевски.
Членовите на Комисијата заклучиле дека Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија е прифатлив и може да се даде на понатамошно читање.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата го образложила министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија“ број 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Македонија“ број 101/19, 275/19 и 14/20), за професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, како една од законските понуди се пропишува обезбедување на испратнина односно еднократен паричен надоместок, во износ од 1000 евра во денарска противвредност за секоја година помината на служба во Армијата, со услов, доколку повторно засноваат работен однос во Министерството за одбрана, во органите на државната и локалната власт, должни се полниот износ на исплатената испратнина да го вратат на Министерството за одбрана, како и дека истите нема да се оценуваат во годината во која навршуваат 45 години возраст, стои во Предлог-законот.
Во поглед на вонредното унапредување на офицер во непосредно повисок чин, покрај годините кои треба да ги помине во чинот кој го има, се наведува, се пропишуваат и условите под кои офицер поставен на должност во Генералштабот на Армијата и офицер поставен на должност во Министерството за одбрана, ќе може да биде вонредно унапреден во непосредно повисок чин, една година порано од времето утврдено за унапредување во Законот за служба во Армијата на Република Македонија.
Со оваа законска измена, меѓу другото се пропишува и начинот на определување на висината на пензијата на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, на кој му престанува работниот однос со остварување право на пензија по исклучокот предвиден во членот 218-а) став (5) од Законот, со што се предвидува дека, висината на пензијата ќе им се утврдува во зависност од должината на исполнетиот пензиски стаж, а пензиската основица во висина од 80 проценти од просечната нето- плата што активниот воен и цивилен персонал ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, ќе се намалува за 0,5 проценти за секоја година пензиски стаж пократок од 40 години.
Средствата за исплата на пензијата до навршување на годините на живот за остварување на правото на старосна пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за одбрана, а правото на пензијата се остварува во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.
На дневниот ред на седницата беа и Предлог – законот за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и Предлог – закониот за изменување и дополнување на Законот за странци, во второ читање. На усвоената агенда меѓу другите точки на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање.
Ново на Сител
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action