Подготвителни работи за реконструкција на магистралниот пат Кочани-Делчево
Градежната фирма „Гранит“ почна со подготвителните градежни работи за санација на свлечиштата и на магистралниот пат Кочани-Делчево.
Градежната екипа во моментов го санира свлечиштето на патот виничко село Истибања-Македонска Каменица, кај браната Калиманци.
- Почнато е со подготвителни работи, поставување на сигнализација и почнување со работа, односно со пристапен пат за да патот не биде затворен за време на работата. Ова е главното свлечиште кое ќе биде санирано, другите ќе бидат санирани со мрежи, во еден, два и три слоја, зависи од карактерот на свлечиштето, вели градежниот инжињер, Љупчо Стаменков Стаменков.
Градежните работи на овој магистрален пат кој води до македонско-бугарската граница кај Делчево ќе се одвиваат во наредните 16 месеци.
- Целиот пат ќе биде обновен од делница Превалец до Делчево со нов асфалтен слој, проширување на дел од мостовите кои се тесни и проширување на дел од патот, каде што е возмжно на кривините, вели Стаменков.
Реконструкцијата на магистралниот пат од Кочани до Делчево е во должина од 36 километри. Инвестицијата на Владата чини 10 милиони евра, со што ќе се постави нов асфалтен слој и ќе се обезбеди широчина на коловозот од шест метри.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат