Поскапуваат Дизелот и Бензинот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,862%, кај дизелот за 3,455%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,704% и кај мазутот намалувањето е за 0,210%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0056%.
Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
