Почнуваат 54.Рацинови средби
Во Велес, родниот град на поетот Коста Солев Рацин, вечер започнува дводневната програма на 54. Рацинови средби.
Традиционалната културна манифестација започнува во 19:00 часот во Ликовниот салон со отворање на изложба на грнчарски дела насловена „Грнчарски средби Велес 2017“, чиј промотор е Здружението на граѓани „Разбој“ од Велес.
Програмата продолжува со Беседа за Рацин на Спомен костурницата од НОВ, каде меѓу борците почива и Коста Солев Рацин.
Во негова чест припадниците на АРМ од велешкиот гарнизон ќе одекнат со Плотун и ќе му оддадат почесна стража на поетот и борец,а повеќе делегации во негова чест ќе положат букети цвеќе на еден од најпознатите македонски поети во светот со неговата стихозбирка „Бели Мугри“ отпечатена во Самобор, Хрватска во 1939 година.
Свеченото отворање на 54- тите Рацинови средби е закажано во 21:30 часот во новиот театар во Велес.
На програмата е уметничкиот перформанс „Азбучарење по Рацин“, а ќе се одржи и поетски митинг. На свеченоста ќе бидат врачени и наградите: „Антологија на болката“ на Митко Апостолов и „Напиши љубов во 140 карактери“ на Марица Тренчева од Кавадарци.
Рациновите средба се одржуваат со поддршка на Општина Велес и Министерството за култура.
Ново на Сител
-
На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници
-
Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
ЕУ донираше еко автобуси за јавен превоз со Скопје, за редовно сообраќање се чека исход од набавката на нафта
-
Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година
-
Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка
-
Обвинителот Смит побара да се отфрли случајот со доверливи документи против Трамп
-
Состојба на патиштата