Почна учебната година за околу 650 првачиња во Струга
За околу 650 првачиња во 11-те основни училишта во Струга и Струшко денеска почна новата учебна 2016/2017 година.
Раководителот на Секторот за образование во општина Струга Сурија Рашити забележа дека има пораст кај првачињата во однос на минатата година, кога биле запишани 520 ученици. Оваа бројка, според него, не е конечна и очекува да се запишат и нови дечиња, кои од разни причини не биле запишани во предвидениот рок.
- Имаме зголемување за над 100 првачиња во однос на минатата година. Во наредните денови ќе има нови пријавувања и конечната бројка ќе ја имаме за неколку дена, изјави Рашити.
Во однос на проблемите со кои лани се соочуваа училиштата во Струга со исклучената електрична енергија, тој потенцира дека се надминати и оти општина Струга редовно ги плаќа ратите од преземаниот долг кон ЕВН.
Во учебната 2016/2017 година наниво на општина Струга запишани се околу 7.950ученици во 11 основни и две средни училишта.
Ново на Сител
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа