-->
-->
Почна гласањето во сите избирачки места во Тетово
-->
Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето во 7 часот и се одвива без проблеми во текот на првиот час, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.
-Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми со фингерпринт апаратите, освен на поедини места каде имале некои технички потешкотии кои брзо се надминуваат а пример се однесуваат на поврзување со печатач и слично, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.
Право на глас во Општина Тетово имаат 85.484 граѓани. Дел од нив своето право на глас го оствариле вчера, од кои 36 заведени како болни и немоќни и седум лица во изолација поради Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски