Засилени контроли на скопските улици
МВР со засилени контроли. На 17 булевари, каде најбрзо се вози и каде се загубиле најмногу човечки животи, полицијата е на терен. Од вчера до денеска изречени се околу 1,000 казни. Бројките се фрапантни. Покрај под дејство на алкохол, голем е бројот на лица кои возат без возачка дозвола, вели министерот Тошковски.
-Вчера казнети се 368 учесници, меѓу кои 29 се без возачка дозвола, 4 кои возат под дејство на алкохол, изјави Панче Тошковски, министер на МВР.
Минатата година бројот на лица кои го загубиле животот како жртви во сообраќајна несреќа изнесува 142, од кои само во Скопје 24. Совеста мора да проработи кај сите учесници во сообраќајот, апелира Тошковски. Селективност и неказнивост веќе нема да има.
За побезбеден сообраќај оваа година ќе проработи и Сејф сити, а веќе од утре почнуваат законските измени, се со цел да станеме побезбедна држава, каде бројот на човечки жртви ќе стане минато.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар