Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
Кривичниот суд одлучи екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски наредните 30 дена да ги помине во притвор. Тој таму ќе ја чека истрагата за мито и проневера во службата откако обвинителството утрово и официјално ја почна постапката против него.
Го гонат бидејќи за од државни пари си ги плаќал приватните патувања, давал плати надвор од законот а од фирма на која и делел тендери земал две луксузни возила за себе и за својата сопруга.
„Продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8” – стои во сооппштението кое утрово го објави обвинителството.
Покрај Мирчевски кривична за давање поткуп доби и газдата на рент а кар фирмата која му ги дала двата автомобили. За него судот одреди поблаги мерки на претпазливост и тој судењето ќе го чека на слобода.
Актуелниот директор на СОЗР денеска не сакаше да ја коментира работата на неговиот претходник.
Од СДСМ чиј кадар е Мирчевски велат дека принципиелно даваат поддршка за секој обилк на борба против корупцијата. Апелираат на фер постапка
„Бараме надлежните институции да ги извршат своите обврски непристрасно и темелно, со што ќе се открие вистината. Секој функционер, без разлика на својата позиција или партиска припадност, има право на правична постапка и се смета за невин сè додека не се докаже спротивното“ – се вели во соопштението на СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека криминалот на СДСМ почнал да излегува на виделина.
Пеце Мирчевски беше директор на СОЗР повеќе од 7 години. Извршуваше високи партиски функции а го предводеше и централниот одбор на СДСМ.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар