Џет-Сет
21. March 2020 - 11:20

Почина кантри-пејачот и глумец Кени Роџерс

Познатиот американски кантри-пејач и глумец, Кени Роџерс почина синоќа на 81-годишна возраст, соопшти неговиот гласноговорник Кит Хејган.

Според него, Роџерс бил под здравствена нега и починал од природна смрт.

Пејачот познат по свилената брада и рапавиот глас, има продадено десетици милиони плочи и е добитник на три Греми-награди. Тој беше ѕвазда на 1970-тите и 80-тите, кога се појави и во повеќе филмови. Неговата кариера траеше околу 60 години.

Но, во 2017 година, на 79-годишна возраст, тој престана со турнеите.

Два негови албума се впишани во „200-те највлијателни кантри-албуми на сите времиња“.

Беше и член на Куќата на славните од областа на кантри-музиката.