Почесто пријавување на загадувачите за почист воздух
Ако се сакаме себе си, ќе направиме се што е возможно за да влијаеме и да го намалиме аерозагадувањето. Можеби јас како индивидуа не можам да го намалам загадувањето, но ако сите заедно делуваме, почесто пријавуваме и најдеме начини како да се справиме и со поголемите загадувачи, се надевам дека оваа зима ќе дишеме малку почист воздух.
Ова денеска го порача Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт на јавната дебата „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот“ што се одржа во Општина Аеродром. Таа додаде дека овој проект е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, а тие го надградиле и прошириле. Во рамки на проектот била спроведена анкета во општините Карпош, Аеродром, Гази Баба и Центар со дел од загадувачите, односно помалите загадувачи со Б-интегрирани дозволи или само со елаборат за животна средина.
Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на јавната дебата, Амдиу рече дека на терен недостигаат повеќе инспектори, нивниот број треба да се зголемим и додаде дека и полицијата според Законот за јавна чистота има надлежност да постапува во случај ако има палење и сл. Граѓаните можат да се обратат и до полицијата, која има можност и да приведе лице доколку го затекне на терен.
Покрај зголемувањето на бројот на инспектори на терен, потребно е воведување и на дежурства, да зачестат вонредните инспекциски надзори врз помалите и поголеми загадувачи. Потребно се и обуки за инспекторите за зајакнување на нивните капацитети, да се зголеми времетраењето на надзорот.
Според нивните податоци, најмногу изречени мандатни казни од општинските инспектори има во Општина Центар по Законот за бучава, а во другите општините е помал бројот.
Амдиу рече дека од минатата година и како резултатот на соработката со Инспекторатот на Град Скопје во процедура е измена на Правилникот за гранични вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот. Изрази надеж дека тој набрзо ќе биде усвоен.
Советничката во Општина Аеродром Ивана Здравеска информира дека ја спровела анкетата во Општина Аеродром на загадувачите или главно тоа се сервиси на автомобили над кои имаат надлежност.
– Анкетата покажа дека е потребно да се направат измени во Правилникот, да се изменат граничните вредности со цел инспекторите да можат соодветно да делуваат. Потребно е итно да се променат правилниците и да им се озвоможи на инспекторите да си ја завршат соодветно работата. Проблемот со загадувањето е сериозен проблем, кој се провлекува подолг временски период и сите заедно, здружени можеме да направиме многу повеќе, рече Здравеска.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка