Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид
Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се користи за пловила на Министерството и на други субјекти, се очекува да биде готово за 45 дена, согласно договорот склучен со изведувачот.
Министерката посочи дека по увид во состојбата од пред повеќе од година дена констатирано било дека сидриштето е во мошне лоша состојба, а употреба во таква состојба претставува опасност по сите што го користат.
Поради тоа Министерството на одбрана спроведе јавна набавка за реконструкција на сидриштето, избран е најдобриот понудувач, но поради забелешки од страна на невладина организација дека реконструкцијата неповолно ќе влијае врз животната средина и еко-системот на Студенишкото блато каде се наоѓа и самиот Центар за обука на вода на АРМ, по што реконструкцијата беше стопирана.
- Се обративме до Министерството за животна средина, до Управата за заштита на културните споменици и УНЕСКО, кои по увидот во документација и елаборатот за заштита на животна средина, констатираа дека нема опасност по животната средина и добивме дозвола да продолжиме со реконтрукцијата, рече Петровска изразувајќи уверување дека проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок.
Ново на Сител
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј