Македонија
16. February 2025 - 16:47

Дел од хотелите и рестораните под клуч

Дел од хотелите но и рестораните долж охридското езеро ги затворија вратите за гости. Туристичките работници велат дека овој период од годината поради високите режиски трошоци кои неможат да ги издржат најчесто го користат за реновирање на објектите. Експертите посочуваат дека вон сезоната треба да се работи на инвентивноста организирање на конгреси, саеми и културни манифестации за привлекување посетители.

Хотелиерите сметаат дека треба да се  следат светските трендови и со инвестирање во објектите да бидат конкурентни на пазарот.

Добрите познавачи велат  дека статистичките податоци покажуваат континуиран раст но неопходни се  инвестиции, креативен маркетинг и нова стратегија за развој на туризмот.