3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол

Полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изминатиот викенд издале вкупно 3.142 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 1.314 платни налози.
Како што соопшти денеска МВР, според статистичките показатели прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење убедливо предничат, така што евидентирани се вкупно 1.498 прекршоци, во споредба со 535 издадени платни налози по основ на непрописно паркирање.
-За викендот зголемен е бројот на откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола – 247, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-111. Покрај ова изречени се и 153 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 56 – по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 58 нерегистрирани возила кои што учествувале во сообраќајот, соопшти МВР.
Вчера, како што се наведува во соопштението, преку соодветен претходно подготвен план за постапување, било посветено на контролата на правилата за почитување на пропишаната брзина на движење, и следствено резултатите од тие радарски контроли во неделата на територијата на државата беа евидентирани 429 возачи кои ја пречекориле брзината на движење надвор од населено место, и 488 возачи кои што ја пречекориле брзината на движење во населено место.Како епилог на тоа издадени се 870 платни налози и 47 писмени опомени, информираат од МВР.
Во текот на викендов низ патиштата во земјава се случиле една сообраќајна несреќа во која што едно лице го загубило животот, како и други четири сообраќајни несреќи во кои што шест лица се здобиле со тешки телесни повреди (двајца возачи, двајца сопатници, еден мотоциклист и еден пешак).
Ново на Сител
-

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
-

Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води
-

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
-

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
-

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари
-

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми
-

Кривична за косовски државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако бил фатен во обид да криумчари дрога
-

Кривична за поранешна претседателка на комисија во Министерство за здравство за несовесно работење при надзор над медицински канабис
