-->
-->
Пензионерот Вентура на чело на Италија
-->
Џанпјеро Вентура (68) е промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Вентура на функцијата го наследи Антонио Конте кој се пресели во Челзи.
Вентура ќе ја предводи Италија во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, а пласман на светското превенство ќе се обиде да избори во конкуренција на Македонија, Шпанија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.
Во досегашната кариера 68-годишниот тренер нема остварено некои забележителни резултати, бидејќи најголемо задоволство му претставува да тренира екипи кои не поседуваат голем квалитет и финансиски средства.
Последните пет години беше тренер на Торино. Во првата година го врати клубот во Серија А, а потоа избори пласман во Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа