Пентагон отвори веб-страница со информации за НЛО
Американското Министерство за одбрана отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани воздушни појави (unidentified anomalous phenomena), попознати како неидентификувани летечки објекти.
Предвидено е веб-страницата да функционира како централна база на податоци за информации за решените случаи на НЛО, со објавување на фотографии и видеа веднаш штом ќе бидат декласифицирани.
На веб-страницата ќе се објавуваат и различни извештаи и дел од најчесто поставуваните прашања, како и линкови до официјални извештаи, транскрипти, соопштенија за медиумите.
Пентагон во април соопшти дека набљудува повеќе од 650 потенцијални случаи на НЛО односно случаи кои не можат да се објаснат со познатите актери и да покажуваат активности што не можат лесно да се разберат.
Најчесто пријавени карактеристики на НЛО се: тркалезна форма, со големина од еден до четири метри, транспарентен или сребрен обоен материјал и лет на височина од 3. 000 до 9. 000 метри.
Американските власти не нашле убедливо објаснување за некои случаи на НЛО, додека други се припишуваат на метеоролошки балони, беспилотни летала, но и птици, временски настани или отпад од воздухот.
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2 проценти
-
Приведен 56 годишен тетовец за лихварство
-
Аморим: Она што се обидуваме да го изградиме е поважно од освојување трофеј во моментов
-
ФИА го отфрли првиот сериозен протест на Ред Бул за 2025 година
-
Реал со гол предност против Атлетико, Арсенал ги декласираше ПСВ, Борусија Дортмунд и Лил ремизираа во осминафиналето на Лигата на шампионите
-
Џејмс стигна до рекордни 50.000 поени во НБА
-
Монако го продолжи договорот со Минамино
-
Артета: Навистина уживав во играта на Арсенал против ПСВ