Loading Video...
Свет
4. March 2025 - 16:45

Паузирана американската воена помош за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендира воената помош за Украина се додека не добие уверување од претседателот Володимир  Зеленски дека се фокусирал на мирот соопшти Белата кука.   Одлуката уследи по само неколку часа откако ТРамп го критикуваше укрианскиот претседател Зеленски кој рече дека крајот на војната со Русија е многу, многу далеку. потпретседател Џеј Ди Венс во телевизиско интервју изјави дека верува оти украинскиот претседател „на крајот“ ќе се помири со учеството во мировните преговори за ставање крај на војната со Русија.

Содеините држави беа најголемиот извор на воена помош За Украина, вклучувајки оружје, опрема и финансиска поддршка,отккао  војната  почна пред три години.  Откако  САД ја прекинаа воена помош, прв официјален  коментар од Киев ситгна од премиерот. Шмихал призна дека  дека воената помош на САД е клучна за Украина и дека помогнала да се спасат илјадници животи и порача дека   неговата земја е „цврсто решена да продолжи да соработува“ со Вашингтон.

Ќе продолжиме да работиме со САД, со американскиот конгрес, со администрацијата на претседателот Трамп, со претседателот Трамп, преку сите достапни дипломатски канали на мирен начин – со цел Украина и САД да ја продолжат нашата борба за фер, долготраен, стабилен мир во Украина и на европскиот континент. 

Паузата на американската воена помош  за Украина создава поголем притисок врз Европа  итно да  ја промени  својата сегашна политика и да ги зајакне своите економски и воени капацитети со цел да преземе одговорност за сопствената безбедност. Вонредниот самит на ЕУ во Брисел за два дена е дизајниран да го реши токму тоа истакна шефицата на ЕК , која  ќе предложи  план за вооружување на Европа вреден  милијарди евра. 

- Ние сме во ера на повторно вооружување и Европа е подготвена масовно да ги зголеми трошоците за одбрана, и за да одговори на краткорочната итност да се дејствува и да ја поддржи Украина, но и да одговори на долгорочната потреба да преземеме поголема одговорност за нашата сопствена европска безбедност истакна Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави за новинарите денес, дека прекинот на воената помош на САД за Украина е најдобриот придонес за каузата за мир и дека тоа може да помогне да се поттикне Украина да се вклучи во мировниот процес.

Во мегувреме американскиот претседател за вечерва најави нови информации повзрани со договорот за укрианските ретки миниерали  кој требаше да биде потпишан во петокот во Белата кука но по вербалниот судри помегу Трамп и Злеенски Белата кука го откажа неговото официјализирање. ТРамп ги затегна односите и со  Канада, Мексико  и Кина  откако стапија во сила новите цариски давачки по што три  земји најавија  дека соодвето ке одговорат.