Фудбал
5. March 2025 - 10:23

Артета: Навистина уживав во играта на Арсенал против ПСВ

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја е презадоволен од изданието на неговиот тим во победата над ПСВ (7:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Фантастичен резултат на гостински натпревар. Многу го сакаме овој турнир. Ни недостигаше долго време. Оваа вечер беше посебна за нас. Навистина уживав во играта. Ви благодарам многу момци. Одигравме брилијантно и постигнавме фантастичен резултат. Момците добро се покажаа и можат заслужено да уживаат во нивниот успех, изјави Артета за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се одигра на 12 март во Лондон.

Резултати на другите синоќешни средби од плејофот во елитното фудбалско натпреварување:

Клуб Бриж – Астон вила 1:3
Борусија Дортмунд – Лил 1:1
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 2:1.