Аморим: Она што се обидуваме да го изградиме е поважно од освојување трофеј во моментов
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, верува дека градењето на иднината е „поважно“ за клубот од потенцијалното освојување на Лига Европа во моментов.
„Црвените ѓаволи“ се 14-ти во Премиер лигата и испаднаа од ФА Купот, што значи дека Лигата на Европа им нуди единствена надеж за трофеј оваа сезона и реални шанси за пласман во европските клупски натпреварувања следната година.
Поразот на Јунајтед од Фулам во петтото коло од ФА Купот го зголеми значењето на Лигата на Европа и првиот осминафинален натпревар против шпанскиот Реал Сосиедад во четврток.
- Луѓето гледаат на Лига Европа како единственото натпреварување што можеме да го освоиме. Исто така поради поврзаноста на освојувањето на Лигата на Европа со Лигата на шампионите, но, да бидам искрен, мислам дека имаме поголеми работи за размислување. Знам дека е чудно да го кажеме тоа, но она што се обидуваме да го изградиме ќе биде поважно од освојувањето на трофеј во овој момент. Свесен сум за одговорноста што треба да се бориме за секој трофеј, но во овој момент ќе се обидеме да изградиме нешто друго од оваа сезона, изјави менаџерот на англискиот тим Аморим за „Скај спортс“.
Поранешниот менаџер Ерик тен Хаг освои трофеи во двете негови целосни сезони на чело на Манчестер Јунајтед, откако го победи Манчестер Сити во финалето на ФА Купот во мај, а претходно го подигна Лига купот во 2023 година.
Целта на Јунајтед е да ја освои титулата во Премиер лигата до нивната 150-годишнина во 2028 година - нешто што Аморим го истакна веднаш по поразот од Фулам, но беше означен како „наивен“ од Вејн Руни.
Португалецот веднаш возврати, повторувајќи ја својата изјава пред гостувањето во Шпанија, а тоа е дека има големи планови во клубот, кој во моментов носи тешки одлуки за намалување на трошоците, вклучително и отпуштање на уште 200 вработени.
- Разбирам што зборуваат луѓето, бидејќи кога ќе погледнете како игра нашиот тим и резултатите, тешко е да се замисли големи работи за нашиот клуб. Но, дури и во најтемниот момент, мораме да имаме светлина по патот. Тоа е јасно, додаде Аморим.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот