Пендаровски: Нема да биде пропаст на светот ако изборите се одложат на месец-два
Моја проценка е дека избори со редуцирана кампања може да се реализираат, но имам голема резерва за самиот ден на извори, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција која се одржа во дворот на вилата Водно, како мерка за заштита од коронавирусот.
Пендаровски смета дека поради состојбата со коронавирусот голем број граѓани нема да излезат на избори и дека многу тешко ќе биде да се реализираат посебни мерки за гласање со оглед на тоа дека изборите се организираат во затворени простории и околу 500-600 лица гласаат во една изборна единица.
„Ако се одложат изборите на месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, најважно е здравјето на граѓаните. Моја проценка е дека избори со редуцирана кампања како што договорија вчера лидерите на политичките партии може да се реализира, но имам голема резерва за самиот ден на извори. Не сакам да се сфати дека јас сега некому наметнувам решение или некому држам предавање. Сметам дека партиите на следната средба повторно треба да се наврати на ова прашање. Еден милион граѓани гласаат кај нас, имаме 3.000 гласачки места, 5 члена во Избирачките одбори и 5 нивни заменици. На денот на избори имаме гигантска операција за пренос на избирачкиот материјал, па потоа на крајот тој се предава на пребројување“, рече Пендаровски.
Пендаровски кажа дека в понеделник закажал состанок на Советот на безбедност, на кој покрај стандардниот состав ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион