Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам
Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Членови на Советот за култура се: Ганка Цветанова, Битракова Грозданова, Атила Клинче, Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, Рефет Абази, Јован Донев, Дејан Пројковски, Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.
На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, истакнувајќи дека ова тело ќе има клучна улога во обликувањето на културната политика на нашата земја.
„Денешнава седница претставува важен момент не само за Министерството, туку и за целата културна сцена на нашата земја, бидејќи вашата улога не е само советодавна, туку и стратешка, зашто вашите препораки и иницијативи ќе бидат основа за важни одлуки кои ќе влијаат врз обликувањето на културните процеси во земјава. Од вашите забелешки, анализи, препораки и сугестии ќе зависат многубројни одлуки и затоа сум убеден дека Советот ќе биде основен столб за трансформација на културата, како и за препознавање и вреднување на нашето културно наследство“, рече Љутков.
Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот.
Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура во врска со прашања од неговата законска надлежност.
Ново на Сител
-
Бектеши: Поттикнувачи на поделбите меѓу етничките заедници се политиката и институциите
-
ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол
-
Жена, развој, рамноправност | Дороти Пачкова | Личен развој | Sitel Podcast 073
-
Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година
-
Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар
-
Осумгодишно дете повредено поради ,,Супермен челинџ''
-
Косово забранува продажба на енергетски пијалаци на лица под 18 години
-
Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции остануваат врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија