Македонија
9. јуни 2018 - 12:25

Партизанска плива во вода - возилата едвај се движат

Силното невреме кое започна попладнево во Скопје почна да предизвикува големи шети. Освен паднати дрва кои се забележани на неколку локации низ градот, булеварот „Партизански одреди“ е целосно поплавен и возилата едвај се движат. Видеото од невремето е објавено н Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“, погледнете: