-->
-->
Партијата на правдата и развојот освои 49,35 отсто од гласовите
-->
Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција со 49,35 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на сто отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ.
АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и таа ќе има 316 места во 550-члениот Парламент.
За главната опозициска Народнорепубликанска партија гласале 25,44 отсто од гласачите и таа ќе има 134 мандати во турскиот Меџлис.
Партијата на националистичко движење освои 11,97 отсто, а за прокурдската Демократска партија гласале 10,59 отсто, со што го мина десетпроцентиот изборен праг.
Одѕивот на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори изнесуваше 87 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов