Свет
25. October 2015 - 11:45

Папа Франциско: Црковните високодостојници да не ја туркаат главата во песок

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско ги искритикува ултраконзервативците во црквата, по тринеделниот Синод посветен на семејството во современиот свет, на кој црквата го ублажи ставот за разводот, но остана строга кога станува збор за хомосексуалноста.

Папата во својот говор кажа дека црковните лидери треба да се соочат со тешките прашања „храбро и не туркајќи ги главите во песок“.

Поглаварот на Римокатоличката црква кажа и дека Синодот често пати не покажува срце, криејќи се зад црквовното учење или добрите намери, за понекогаш да пресуди надмоќно и површно за тешките прашања и семејствата со проблеми, пренесоа британските медиуми.