Памела Андерсон со шокантна снимка од креветот се опрости од Хју Хефнер
Една од миленичките на славниот Хју Хефнер можеби и најголема, Памела Андерсон со потресна порака се опрости од основачот на Плејбој.
„Господине Хефнер, мисли ми навираат, о немам мозок кој би ги обработил. Постојам поради тебе, ме научи сѐ што е важно за слободата и почитта. Освен семејството ти ми беше најважна личност во животот. Ми даде живот… Луѓето зборуваат дека ти бев омилена. Целосно сум во шок. Беше стар, грбот те болеше. Последниот пат кога те видов, одеше со помагало, но не сакаше да видам. Не слушна. Имаше парче хартија во џебот и ми го покажа, на него пишуваше Памела и околу името имаше срце. Сега се распаѓам. Ова чувство е целосно лудило. Во Париз во моментов врне. Покрај прозорец сум. Сѐ што сакаат луѓето кај мене е зашто ме разбораше. Ме прифати и ме охрабри да бидам тоа што сум. Ме сакаше како никој што не ме сакал. Живеј слободно, без сопирачки. Ми рече дека твојот магазин е за девојка каква што сум јас, дека сум олицетворение на духот за кој си мечтаел. Јас сум била таа, така ми рече. Уште те слушам како викаш – биди храбра, нема правила. Живеј го својот живот, се гордеам со тебе. Нема грешки. А со мажите – уживај… (твојата прекрасна насмевка). Имаш свет под нозете, а ти си добра девојка и толку сакана – не си луда. Дива си и слободна, остани јака, остани ранлива… „Време е за филмови“… Ги сакаше моите синови, секогаш, секогаш беше тука за нас. Со својата љубов, со лудата мудост. Сѐ ќе ми недостига. Ти благодарам што го направи светот подобро место. Послободно и посексапилно место. Беше џентлмен, шармантен, елгантен, галантен и толку многу забавен. Догледање Хеф… твоја Памела“, пишува во збогувањето на Памела на Инстаграм.
Иако нејзините зборови натажиле многумина, она со што го шокирала светот е тоа што илјадници луѓе ги окарактеризирало како "несоодветно", "срамно", "шокантно" и "бизарно".
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор