Македонија
9. February 2016 - 13:40

Падна крв во дворот на СУГС „Зеф Љуш Марку“, се степаа малолетници

Во училишниот двор на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје вчера околу 09.45 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи на ученици.

Од една страна биле тројца малолетници од Скопје и еден малолетник од Гостивар, додека од друга страна биле четири малолетни лица од скопското село Батинци.

Во тепачката, соопшти денеска МВР, малолетниците си размениле по неколу удари со тупаници и клоци, а во еден момент лице од втората група извадило нож и четири пати во пределот на главата со сечивото удрил ученик од првата група при што му нанел видлива телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.