-->
-->
Оваа џиновска дупка вреди 15 милијарди евра: Светско чудо! Длабока е повеќе од 500 метри, а хеликоптерите не смеат да летаат над неа
-->
Огромната дупка, која изгледа како глетка од научно-фантастични филмови, се наоѓа на најслабо населеното подрачје на Русија, на 8.050 километри источно од Моска.
Мир или Мирни е светско чудо, неверојатно дело на човековата рака и очигледен доказ колку далеку може да оди љубовта кон дијамантите.
Дупката е широка повеќе од километар, 1.200 метри, и длабока 525 метри. Да не е рудникот, немало да го има ни градот со исто име - Мирни. Настанал во 50-тите години од минатиот век, откако било откриено дека Јакутија е ветена земја на дијамантите.
Експедицијата на истокот на Сибир, со Јури Кабардин на чело, била една од најисплатливите во историјата, бидејќи со откривањето на траговите од кимберлит, кои укажуваат на тлото богато со дијаманти, Советскиот Сојуз станал место каде се наоѓа највредната дупка на светот.
Мирни набрзо го привлекол населението кој е во сибирскиот студ го довело желбата за богатство, а до 60-тите години рудникот станал најголем во СССР.
Годишно од Мирни се извлекувале 2 тони дијаманти, без разлика на температурите кои се спуштале до 40 степени под нулата. Освен тоа, земјиштето е замрзнато во текот на годината, а во лето се претвора во мочуриште.
Се проценува дека вредноста на ископаните дијаманти била околу 15 милијарди евра. Најголемиот пронајден дијамант со големина на топла за голф и вреди околу 270.000 евра. По Втората светска војна заработувањето од дијаманти на Русија и помогнало повторно да застане на нозе.
Хеликоптерите не се осудуваат да летаат над рударското окно поради разликите во температура и предупредувањето дека дупката би можела да ги повлече, меѓутоа, такви случаи не се забележани. Поради необичните звуци кои допираат од длабочината на рудникот настануваат бројни теории, а многумина веруваат дека дупката е своевидна врска со подземјето.
Сопственик на рудникот е руската компанија "Alrosa", која произведува околу четвртина од светските количина на дијаманти. По затворањето поради поплави, рудникот и натаму делумно работи, иако не како некогаш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит