-->
-->
Ова се напаѓачите од Клинички – СДСМ не ги интересира тоа!
-->

Во лекарот пукал Имер Никшиќ, а причина било незадоволство од третманот во болницата каде што во текот на ноќта починала неговата мајка.
По квравиот настан што утринава се случи во Клиничкиот центар, на Одделението за дигестивна хирургија, при што е ранет лекарот Љубомир О. , приведени се Јакуп Изаири (1985), Абдул Наим Никшиќ (1979) и Имер Никшиќ (1981) сите од Скопје, неофицијално донава „Нетпрес“ од полициски извори.
Во лекарот пукал Имер Никшиќ, а причина било незадоволство од третманот во болницата каде што во текот на ноќта починала неговата мајка.
Тој заедно со другите двајца направиле вистинска вооружена драма на клиниката. Воедно пукале и кон медицинска сестра, но за среќа таа не е погодена.
Ранетиот лекар, кој имал три прострелни рани во делот на ногата, веднаш е опериран, и за среќа не изгубил многу крв и е вон животна опасност.
Лекарите, пак, од Хирургија, наместо да побараат одговорност за инциднтот кај сторителите, вината ја лоцираат кај министерот за здравство, Никола Тодоров, од кого побараа итна оставка. А, во спротивно, доколку не им се испонело барањето, лекарите се заканија дека нема да оперираат на хируршките клиники.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари