Македонија
6. April 2017 - 8:23

Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје денеска организира Отворен ден на кој посетителите ќе имаат можност да се запознаат со дејноста на оваа институција, како и со програмите што им се нудат на студентите.

Штандовите на факултетите ќе бидат поставени пред платото на Ректоратот, а предвидени се и презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, како и изложба на научната дејност на УКИМ.

На Отворениот ден на УКИМ ќе се претстави и Националната агенција за европски програми и мобилност која ќе ја одбележи 30-годишнината од постоењето на Еразмус програмата. 

Отворениот ден ќе биде збогатен со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и со музички нумери од мјузиклот „Тајно моја“.